За ЦЕГИ

Центар за европска граѓанска иницијатива е здружение на граѓани основано на 17 април 2002 година со седиште во Кочани, Македонија. Центарот за европска граѓанска иницијатива е непрофитна и невладина организација. Центарот за европска граѓанска иницијатива има членови со попреченост, спроведува активности за заштита на правата на лицата со попреченост и е член на Националното собрание на организации на лица со попреченост.

Цели на организацијата:

  1. Промовирање на целите и работата на Советот на Европа и Европската Унија и подигнување на степенот на демократизација и европеизација во Република Македонија;
  2. Поширока промоција на идејата за човекови права и нивна поголема заштита;
  3. Градење стратегии на локален, регионален и национален план по европски принципи за зголемување на ефикасноста на секторите од јавен интерес;
  4. Намалување на етноцентризмот, маргинализирањето на Ромите како и социјално загрозените слоеви;
  5. Развивање на локалните заедници како трајни и привлечни средини за граѓаните.

Ние мора да заземеме страна. Неутралноста му помага на угнетувачот, никогаш на жртвата. Тишината го охрабрува мачителот, никогаш измачениот. Понекогаш мора да превземеме иницијатива. Кога човечките животи се загрозени, кога човековото достоинство е загрозено, националните граници и чувствителност стануваат ирелевантни“.

Ели Визел

Претседател на ЦЕГИ

Претседател и овластено лице на Центарот за европска граѓанска иницијатива е д-р Јован Ананиев. Тој е иницијатор и еден од основачите на здружението во 2002 година. Тој е роден на 21 јануари 1978 година во Кочани каде го завршува основното и средното образование. Дипломирал на политички студии на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2000 година, магистрирал политички науки на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2004 година и докторирал политички науки на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година.