ИНКЛУЗИЈА, ОПШТЕСТВО И КУЛТУРА
За овие области е одговорен Секторот за женски, културни, детски и социјални прашања и главни цели на делување на овој Сектор се:
– Ќе ја унапредува положбата на жената во македонското општество и нејзиниот статус во јавниот, културниот, деловниот и политичкиот живот;
– Ќе спроведува проекти за превенција на семејното насилство;
– Ќе реализира активности за згрижување на жените од различни етнички пропадности;
– Ќе го унапредува статусот на децата во општеството, нивните права според Конвенцијата за правата на детето и нивниот статус во семејството;
– Посебни активности ќе се реализираат за подобрување и демократизација на образовниот систем како и на културните и забавните проекти наменети за децата;
– Ќе спроведува активности за промоција на современеите трендови во ликовната, филмската, литературната и театарската ументност.