Претседател
На ЦЕГИ

Е-пошта: jovan.ananiev@ceci.org.mk

Претседател и овластено лице на Центарот за европска граѓанска иницијатива е д-р Јован Ананиев. Тој е иницијатор и еден од основачите на здружението во 2002 година. Тој е роден на 21 јануари 1978 година во Кочани каде го завршува основното и средното образование. Дипломирал на политички студии на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2000 година, магистрирал политички науки на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2004 година и докторирал политички науки на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година. Од 2001 година бил проектен асистент во Одделението за политички науки при Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, истражувач во Центарот за бегалци и присилни миграции во рамките на Институтот и доцент на магистерските и докторските студии на овој Институт. Од 2007 година е вработен на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип каде е биран во доцент, вонреден професор и редовен професор во научната област Политички системи и бил декан на Правниот факултет од 2011 до 2019 година. Бил член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација од 2010 до 2018 година и член на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) при Советот на Европа од 2013 до 2018 година и бил известувач на ЕКРИ за Украина и Естонија.

Работел на голем број меѓународни истражувачки проекти и работел како консултант на проекти спроведувани или поддржани од УНОПС, УНДП, УНХЦР, ЕУ, ГТЗ, Совет на Европа, ОБСЕ и амбасади и фондации.

Негово поле на научен и стручен интерес се политичките системи, човековите права, евроинтеграцијата, демократијата и доброто владеење и локалната самоуправа.