Програма
На ЦЕГИ

Програмата на Центарот за европска граѓанска иницијатива беше усвоена на основачката седница на Собранието, одржана на 17 април 2002 година во Кочани. Центарот за европска граѓанска иницијатива (во понатамошниот текст ЦЕГИ) работи во три прогамски сектори под раководство на програмски координатори, во согласност со целите и задачите пропишани во Статутот на ЦЕГИ.

Сектори во ЦЕГИ се:

– Сектор за европеизација, стратегија и анализа

– Сектор за човекови права, ромски прашања и мултикултура

– Сектор за женски, културни, детски и социјални прашања

Сектор за европеизација, стратегија и анализа

– Ќе спроведува активности за промовирање на идејата за евроспка интеграција на Република Македонија преку јавни кампањи, семинари за граѓани и експерти од јавниот и приватниот сектор. Во контекст на ова, ќе дава консалтинг за содржините на препораките, директивите и регулативите на ЕУ како и за документите и извештаите на Советот на Европа;

– Ќе спроведува мониторинг на органите на државната управа над нивните ангажмани во процесот на европска интеграција;

– Ќе гради мерки и стратегии во разните области од општествениот живот заради нивно реформирање и унапредување, вклучувајќи повеќе релевантни фактори од владиниот и цивилниот сектор. Области за градење стратегии се јавната администрација, образованието, здравството, социјалата, медиумите и сл;

– Ќе организира клубови и работилници за афирмација на демократските вредности меѓу различните категории на граѓани, како што се жените, децата, пензионерите и сл;

– Вршење на јавни анализи и истражување на јавното мислење;

– Реализација на проекти за подобрување на условите за живеење на граѓаните во нивните локални заедници;

– Јакнење на цивилниот сектор и вршење на обука на членови на невладини организации за нивно поефикасно работење;

Сектор за човекови права, ромски прашања и мултикултура

– Ќе ја шири идејата за човекови права и механизмите за нивна заштита;

– Ќе реализира активности за мониторинг врз кршењето на човековите права и ќе гради човекови ресурси за остварување на оваа идеја;

– Активно ќе работи на промовирање на Европската конвенција за човековите права и слободи и нејзиниот Протокол број 11, како највискоки дострели во заштитата на човековите права;

– Ќе реализира активности за подобрување на статусот на Ромите преку проекти за нивно интегрирање во општеството, намалување на стереотипите кои постојат во јавноста за нив и подобрување на нивниот социо-економски статус;

– Посебна целна група за работа ќе бидат децата и жените Роми како најзагрозени категории во нашето општество;

– Ќе реализира проекти за намалување на етноцентризмот меѓу граѓаните и јакнење на меѓуетничката доверба;

– Работа на полето на ширењето и негувањето на мултукултурализмот како трајни придобивки на македонското општество.

Сектор за женски, културни, детски исоцијални прашања

– Ќе ја унапредува положбата на жената во македонското општество и нејзиниот статус во јавниот, културниот, деловниот и политичкиот живот;

– Ќе спроведува проекти за превенција на семејното насилство;

– Ќе реализира активности за згрижување на жените од различни етнички пропадности;

– Ќе го унапредува статусот на децата во општеството, нивните права според Конвенцијата за правата на детето и нивниот статус во семејството;

– Посебни активности ќе се реализираат за подобрување и демократизација на образовниот систем како и на културните и забавните проекти наменети за децата;

– Ќе спроведува активности за промоција на современеите трендови во ликовната, филмската, литературната и театарската ументност.