Статут
На ЦЕГИ

Поважни информации и содржани во зтатутот на Центар за Европска Граѓанска Иницијатива

Собрание

Собранието е највисок орган на здружението и го сочинуваат сите членови на здружението. Тоа работи на пленарни седници и се состанува најмалку еднаш годишно. Собранието ги донесува статутот и програмата за работа и избира претседател, потпретседател, секретар, надзорен одбор и извршен одбор. Ги донесува годишните програми, буџетот и завршната сметка и одлучува за склучување сојузи со други здруженија и соработка со здруженија во странство.

Извршен одбор

Извршниот одбор е составен од пет члена, кои ги избира собранието. Членови на извршниот одбор се претседателот, потпретседателот, секретарот и уште двајца членови. Одлуките се носат со мнозинство од вкупниот број членови. Извршниот одбор го предлага статутот, програмата, буџетот и другите акти на собранието и ги спроведува ставовите и вредностите на здружението и одлуките донесени од Собранието. Извршниот одбор за својата работа одговара пред собранието. Членовите имаат мандат од четири години со право на реизбор.

Претседател

Претседателот го избира собранието со мандат од четири години со право на реизбор и раководи со извршниот одбор и ги потпишува актите на здружението. Тој е овластен потписник на сметката на здружението, го застапува здружението, координира работата и ги спроведува одлуките на извршниот одбор и собранието и за својата работа одговара пред собранието.