ЕВРОИНТЕГРАЦИИ, ДЕМОКРАТИЈА И ПРАВИЛНО УПРАВУВАЊЕ

За овие прашања, одговорен е Сектор за европеизација, стратегија и анализа, а главни цели на делување на овој Сектор се:

– Ќе спроведува активности за промовирање на идејата за евроспка интеграција на Република Македонија преку јавни кампањи, семинари за граѓани и експерти од јавниот и приватниот сектор. Во контекст на ова, ќе дава консалтинг за содржините на препораките, директивите и регулативите на ЕУ како и за документите и извештаите на Советот на Европа;

– Ќе спроведува мониторинг на органите на државната управа над нивните ангажмани во процесот на европска интеграција;

– Ќе гради мерки и стратегии во разните области од општествениот живот заради нивно реформирање и унапредување, вклучувајќи повеќе релевантни фактори од владиниот и цивилниот сектор. Области за градење стратегии се јавната администрација, образованието, здравството, социјалата, медиумите и сл;

– Ќе организира клубови и работилници за афирмација на демократските вредности меѓу различните категории на граѓани, како што се жените, децата, пензионерите и сл;

– Вршење на јавни анализи и истражување на јавното мислење;

– Реализација на проекти за подобрување на условите за живеење на граѓаните во нивните локални заедници;

– Јакнење на цивилниот сектор и вршење на обука на членови на невладини организации за нивно поефикасно работење;