ЧОВЕКОВИ
ПРАВА
За оваа област е одговорен Секторот за човекови права, ромски прашања и мултикултура и главни цели на делување се:
– Ќе ја шири идејата за човекови права и механизмите за нивна заштита;
– Ќе реализира активности за мониторинг врз кршењето на човековите права и ќе гради човекови ресурси за остварување на оваа идеја;
– Активно ќе работи на промовирање на Европската конвенција за човековите права и слободи и нејзиниот Протокол број 11, како највискоки дострели во заштитата на човековите права;
– Ќе реализира активности за подобрување на статусот на Ромите преку проекти за нивно интегрирање во општеството, намалување на стереотипите кои постојат во јавноста за нив и подобрување на нивниот социо-економски статус;
– Посебна целна група за работа ќе бидат децата и жените Роми како најзагрозени категории во нашето општество;
– Ќе реализира проекти за намалување на етноцентризмот меѓу граѓаните и јакнење на меѓуетничката доверба;
– Работа на полето на ширењето и негувањето на мултукултурализмот како трајни придобивки на македонското општество.