Социјално мапирање во општините Кочани и Струмица на возрасните и децата со попреченост

Од декември 2021 година до мај 2022 година во општините Кочани и Струмица, Центарот за европска граѓанска иницијатива спроведе социјални мапирања на возрасните и децата со попреченост. Оваа активност беше реализирана по нарачка на НАЛАС а со финансиска поддршка на ГИЗ. Во Кочани беа анкетирани 108 а во Струмица 105 лица со попреченост и родители на деца со попреченост. Исто така, се направи анализа на релевантната документација, визуелно мапирање на пристапноста на инфраструктурата и објектите и по две фокус групи во секоја општина.

Нацрт- извештаите од социјалното мапирање беа предмет на јавна дискусија во двете општини со присуство на градоначалниците, членови на општинските совети, претставници на организации на лица со попреченост како и претставници на државни и локални институции. Препораките од јавната дискусија беа вклучени во финалните извештаи. Извештаите за социјалното мапирање за Кочани и Струмица може да се најдат на овој сајт во делот за публикации.