Лицата со попреченост во образовниот процес

Во функција на јавно промовирање на целите на Стратегијата за правата на лицата со попреченост, претседателот на Центарот за европска граѓанска иницијатива д-р Јован Ананиев учествуваше на видео презентацијата на своите ставови околу состојбите на лицата со попреченост во образовниот процес, организирана од страна на ГИЗ. Тој ги посочи потребите од значењето на образованието за поквалитетна интеграција на лицата со попреченост во општеството, потребата од соодветна инклузија и потребите од соодветно прилагодување и пристапност заради поголема ефикасност и обезбедување на еднаквост на лицата со попреченост на сите нивоа на образование.