Подготовка на Национална стратегија за правата на лицата со попреченост

Центарот за европска граѓанска иницијатива, со свој член, е вклучен во подготовката на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост, која треба да се донесе од Владата на Република Северна Македонија а изработката е поддржана од ГТЗ. Во рамките на активностите за подготовка на Стратегијата, а со цел претставување на целите и мерките кои се предвидуваат во нацрт- документот, претседателот на Центарот за европска граѓанска иницијатива д-р Јован Ананиевм, заедно со уште неколку претставници на организации кои работат на заштита на правата на лицата со попреченост, на 28 октомври 2022 година, оствари средба со Претседателот на Република Северна Македонија д-р Стево Пендаровски.